Николоски: Идниот градоначалник на Гази Баба ќе биде од редовите на ВМРО-ДПМНЕ
Потфрлањето на СДСМ во економијата ќе го плаќаат граѓаните преку поскапување на бензинот, дизелот и струјата што е исто како да се воведе данок на крв, затоа што сериозно ќе удри по џебот на граѓаните и ќе поскапат основните намирници на живот, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ.
Во Гази Баба имаме исклучително добро опозиционо расположение, про ВМРО-ДПМНЕ и очекуваме убедлива победа на претстојните локални избори и градоначалникот да биде повторно од ВМРО-ДПМНЕ, а знаете дека мнозинството во Советот и во овој состав е предводено од ВМРО-ДПМНЕ, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски при денешната негова посета на Гази Баба.
– Во рамки на редовните теренски активности на ВМРО-ДПМНЕ, денеска имавме средба со Општинскиот комитет во Гази Баба и посета на Општина Гази Баба. Плодна дискусија во којашто разговаравме за актуелните политички случувања во Македонија како и за периодот кој следува. Она што можам да кажам е дека во Гази Баба имаме исклучително добро опозиционо расположение, про ВМРО-ДПМНЕ и очекуваме убедлива победа на претстојните локални избори и градоначалникот да биде повторно од ВМРО-ДПМНЕ, а знаете дека мнозинството во Советот и во овој состав е предводено од ВМРО-ДПМНЕ – рече Николоски.
Николоски додаде дека очекуват победа во општина Гази Баба и ставање крај на криминалните политики кои ги води актуелниот градоначалник пред се во делот на урбанизацијата, а исто така и во делот на заштита на животна средина.
– После локалните избори очекуваме победа за градоначалник и Општина Гази Баба да ја води градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ кој ќе ја реализира програмата која заедно со граѓаните веќе ја спремаме и треба да даде одговори на клучните прашања за живеењето во Гази Баба и да стави крај и стоп на криминалните политики кои ги води актуелниот градоначалник пред се во делот на урбанизацијата, а исто така и во делот на заштита на животна средина. Затоа што во моментов има неколку иницијативи за изградба на загадувачка индустрија, тука во непосредна близина во кругот на Железара, до населбите Автокоманда и Железара, од другата страна Маџари каде што сакаат загадувачка индустрија која ќе го загрози животот на граѓаните. Ние сме против тоа, ќе го спречиме тоа, а идниот градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ ќе ја развива општината во правилна насока. Разговаравме за проектите кои се потребни за периодот кој доаѓа и на ниво на општина и на ниво на Град Скопје и очекуваме победа и за градоначалник на Град Скопје – рече Николоски.
Потфрлањето на СДСМ во економијата ќе го плаќаат граѓаните преку поскапување на бензинот, дизелот и струјата што е исто како да се воведе данок на крв, затоа што сериозно ќе удри по џебот на граѓаните и ќе поскапат основните намирници на живот, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски одговарајќи на новинарско прашање за при денешната посета на Општина Гази Баба.
– Интересно е како ги бираат зборовите. Во конкретниов случај поскапувањето на бензинот и на дизелот, се решија да го крстат како еколошка такса. Јас повеќе би рекол дека е данок во крв отколку еколошка такса, затоа што се цица крвта од македонскиот народ и од граѓаните на Македонија. Затоа што поскапувањето на бензинот и на дизелот за 4 денари ќе удри по џебот на секое семејство и директно за сите кои имаат автомобили, но и индиректно затоа што ќе поскапи транспортот, а со тоа и производството на многу производи почнувајќи од лебот, продолжувајќи преку основните намирници – истакна Николоски.
Тој потенцира дека покрај поскапувањето на бензинот и дизелот власта во моментов работи на нова цена на електричната енергија која се очекува исто така да поскапи и тоа во двоцифрен процент во однос на ова што е досега.
– Што значи дека има едно целосно потфрлање на владата во економијата кое треба да го плаќаат граѓаните, преку овој како што го нарекувам данок во крв преку поскапување на бензинот, дизелот, но и на струјата. Но и на тоа ќе дојде крај на следните избори – нагласи Николоски.