Николоски: Ќе овозможиме целосна дигитализација на македонското општество

197

За мене најзначајниот, најбитниот проект кој што ќе го обележи четири годишниот мандат е целосна дигитализација на македонското општество кое што треба да овозможи неколку работи. Прво силен удар на корупцијата затоа што преку 500 услуги кои во моментот се добиваат од разни државни институции и зависат од човечки фактор ќе бидат целосно дигитализирани за да се тргне човечкиот фактор од истите и да нема дискреционо одлучување на било кого, рече.Александар Николоски, носител на изборна единица 4 на вМРО-ДПМНЕ од посетата во Струмица.

Тој најави целосна дигитализација на основното и средното образование, со цел младите, новите генерации да фатат чекор со најмодерните светски држави и да можат да бидат конкурентни на европскиот и на светскиот пазар.






– Ќе стимулираме и помагаме доедукација и дообука за сите млади кои што ќе сакаат да се пренасочат во овој сектор, обуките ќе бидат бесплатни, односно ќе ги плаќа државата се со цел да имаме што поконкурентен број на млади луѓе кои што можат да се занимаваат со оваа работа. И втората работа исклучителна значајна поврзана со екологијата. За жал Струмица е еден од најзагадените градови во Македонија. Тоа е така од неколку причини, прво од начинот на греење на огрев, и второ начинот на загревање на оранжериите тука во струмичко, за жал се користи огромна дрвна маса а дрвата се најголем производител на ПМ 5 и ПМ10 честички – рече тој.

Николовски најави дека се планира спроведување масовни проекти во екологијата конкретно тука во Струмица и струмичко, овозможување на топла вода, односно топла вода да стигне до секоја нива и до секоја оранжерија каде што за таа работа има можност.

– Понатаму секоја година 20 милиони евра, за четири години 80 милиони евра во делот на наводнување каде што ќе се возобноват постојни каналски мрежи, ќе се изградат нови каналски мрежи и ќе се градат акумулации и таа вода ќе може дел да се користи за наводнување, но дел исто така ќе може да се користи и за загревање во комбинација со сончевата енергија – рече Николовски.

Третата работа, рече, целосна гасификација вклучително и најбитно и за струмичкото поле за истата да се одбегне греењето со дрво и Струмица да е далеку почиста и помалку загадена од ова што е сега.

Поврзани содржини