Сакам една кратка порака да упатам до мојот противкандидат Зоран Заев кој што вчера се уплаши и не дојде на ТВ дуел односно соочување на Канал 5, порача Александар Николоски од ВМРО – ДПМНЕ.
– Слушам дека денеска отишол во Кривогаштани и кажал дека не сум можел да го најдам Кривогаштани. Јас можам да му кажам дека јас го наоѓам и знам каде е , ама тој во овие три години колку што е на власт не можеше да го најде и камен таму не стави. А на 15 јули кога ќе почнат да стигаат резултатите таму некаде после 10 вратата нема да ја најде од големиот пораз кој што му следува. Еве јавно уште еднаш го повикувам да излезе со мене на ТВ дуел, еве следна прилика е во петок и заеднички да поразговараме што програма јас нудам, што програма тој нуди, што тој направил досега и дали луѓето треба да му дадат втора шанса или што е тоа што ВМРО-ДПМНЕ ќе го направи во следниот период за мене и на ВМРО-ДПМНЕ да ни дадат шанса – рече Николоски.