Николоски до Јовевски: Дали се испитува поврзаноста на 29 струмички компании со пропаѓањето на Еуростандард банка?
Според Николоски, пропаѓањето на Еуростандард банка е најголем финансиски скандал во државата по аферата ТАТ.
Би сакал да прашам дали се испитува поврзаноста на според Извештајот на стечајниот управник, 29 компании за кои што индикативно е дека сите се со седиште во Струмица, се со сопствеништво во Струмица и се меѓусебно поврзани или се сопственички поврзани, или имаат исти управител кој што имаат сериозна сума на кредити подигнато од Еуростандард банка, но се уште ги немаат вратено и престанале да ги враќаат во ист или сличен временски период што значи дека се работи за координирана акција, праша .Александар Николоски, пратеник и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ на денешната собраниска комисија за надзорна расправа за пропаѓањето на Еуростандард банка.
Прашањето му беше упатено кон државниот јавен обвинител Љубомир Јовевски.
Според Николоски, пропаѓањето на Еуростандард банка е најголем финансиски скандал во државата по аферата ТАТ.
– Имајќи предвид дека пропаста на Еуростандард банка е можеби најголемиот финансиски скандал во Македонија по аферата ТАТ, добро е да знае јавноста дали средствата кои што пропаднаа и на фирмите и на граѓаните кои што имаа влогови над 30.000 евра се исцицани преку фиктивни кредити и дали овде се работи за посериозен организиран криминал во кој што не е инволвирана само раководната структура на банката туку и вкупно 29 компании сите со седиште во Струмица и сите сопственички поврзани, или поврзани во делот на управување – рече Николоски.