Николоски: Дали пожарите во струмичката касарна се поврзани со градењето згради на Заеви таму?
Дали некој бандит до Прилеп близок до власта прави криминал? А, прави. Дали некој бандит во Битола во РЕК Битола прави криминал?, праша Николоски.
Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски вечерва го поврза опожарувањето на трите згради во некогашната струмичка касарна со изградбата на згради на семејството Заеви на локации во касарната.
Тој во емисијата „Јади Бурек“ рече дека власта ја користи коронакризата за да прикрие криминал.
– Знаете што им е целта, еве ќе бидам директен. Луѓето се во огромен страв и паника. Прва вест сами кажавте секогаш е, мерките, препораките итн. А тоа на нив им одоговара затоа што никој не зборува дали јанвиот превоз во Скопје е добар, дали има дупки по улиците, дали ѓубрето се чисти или не. Дали некој бандит до Прилеп близок до власта прави криминал? А, прави. Дали некој бандит во Битола во РЕК Битола прави криминал? А, прави. Дали фирмите на Заеви во Струмица прават криминал. А, прават. Еве една провокација, случајно одат во пожар објекти во струмичката касарна или одат намерно, затоа што таму Заеви градат згради. Тоа не е тема во Македонија, ковид е прва тема. Три објекти изгореа во изминативе месец дена во струмичката касарна, случај нема. Во струмичката касарна згради градат семејството Заеви тоа го знаат сите во Струмица – рече Николоски.