Николоски: Ако СДСМ оди на избори на 21 јуни, со овие бројки на заразени и починати, ВМРО-ДПМНЕ нема да оди

Тој рече дека најдобро е кога две недели би немало новозаразени или починати. Но, со овие бројки тоа е невозможно, а Заев се надева на брзи избори зошто се надева на ниска излезност.

580

ВМРО-ДПМНЕ нема да оди на избори по цена на човечки животи и загрозување на здравјето на граѓаните, рече Александар Николоски потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ во гостување во отвореното студио на 24 анализа

– Ќе не доведе во ситуација која излегувањето на избори значи ризик по граѓаните и тоа ќе доведе до очајна излезност. Не знам зошто да не се помести тоа за месец или два. Ние побаравме крајот на август и почеток на септември – вели Николоски.






Тој вели дека партијата сака да излезе со програма пред граѓаните и појасни дека по бројот на мртви, Македонија води во регионот и тоа зборува колку лошо властите се справуваат со кризата. Тие се за избори утре, ако би знаеле дека нема да имаме вакви бројки, вели Николоски.

– Ние со вакви бројки, го гледаме Заев како притиска за избори. Ако планираат на 21 јуни да одат на избори со вакви бројки, ние нема да одиме, нека им е со среќа – рече Николоски.

Тој рече дека најдобро е кога две недели би немало новозаразени или починати. Но, со овие бројки тоа е невозможно, а Заев се надева на брзи избори зошто се надева на ниска излезност.

Поврзани содржини