Николоски: „Адастра груп Корп” од Панама стои за „Јелак Градба“, а дали власта го провери ова?
Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ вели дека во јавноста е познато дека овие оф шор компании се користат за сомнителни трансакции, за внесување на капитал од сомнително потекло, како и за нагло изнесување капитал на непознати дестинации.
Пратеникот и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски, во објава на Фејсбук која е дел од објавите за аферата со земјиштето на ШИК „Јелак“ Тетово денеска прашаува дали надлежните институции во земјава го провериле работењето и дали може да гарантираат за работата на фирмата „Јелак Градба” чии сопственик е „Адастра груп Корп” од Панама.
Николоски афарата за нелегалната промна на деталниот урбанистичкиот план на Тетово во делот на просторот на комбинатот „Јелак“ на кој контроверзниот црногорски бизнисмен Миодраг Дака Давидововиќ, треба да гради 2 .000 станови ја отвори пред една седмица.
„Помина едена недела откако објавив за усвојувањето на ДУП за ШИК „Јелак” Тетово со кој се предвидува урбана џунгла во градот со нови 2 000 станови за 8 000 жители и огромни деловни комплекси со вкупна заработка за инвеститорот од 200 милиони евра. Помина една недела откако објавив дека зад овој проект стои контроверзниот црногорски бизнисмен Миодраг Дака Давидовиќ. Една недела нема одговор од надлежните институции, а нема ни одговори од Заев и Ахмети за поличката позадина на овој случај. Затоа продолжувам со изнесување нови сознанија кои ќе фрлат дополнително светло на целиот случај“, пишува на Фејсбук Николоски.
Тој додава дека управителот на „Јелак Градба” Давидовиќ е и сопственик на фирмата „Адастра груп Корп” која е регистрирана во даночниот и оф шор рај Панама за што објавува и документи.
„
„Во јавноста е познато дека овие оф шор компании се користат за сомнителни трансакции, за внесување на капитал од сомнително потекло, како и за нагло изнесување капитал на непознати дестинации. Исто така е познато после големата афера ‘Панама Пејперс’ дека оф шор дестинацијата во Панама била омилено место на бизнисмени со сомнителен капитал најчесто стекнуван на просторите на поранешниот источен блок“, пишува Николоски
Тој прашува, дали надлежните институции во Македонија го провериле изворот на средства кои влегуваат во фирмата на Дака Давидовиќ преку неговата оф шор фирма во Панама, кој е изворот на тие средства и како се стекнати?
„Исто така легитимно прашање е како и за што ќе се користат средствата кои ќе се заработат од ДУП во Тетово? Дали ќе бидат испумпувани кон Панама и каде потоа ќе завршат?“,прашува Николоски.