Познатата хрватска водителка Николина Пишек (44) и нејзината ќерка Уна (6) доживеаја несреќа ноќта помеѓу саботата и неделата. Во куќата во која живее Пишек со нејзиниот сопруг Видоје Ристовиќ пукнала цевка за гас кojaшто обезбедува греење на целата зграда и тие се oтруле со јаглерод моноксид. Наскоро биле хоспитализирани, а по укажаната нега, биле пуштени од болницата. По повод овој немил настан, Николина се огласи на својот инстаграм-профил.
Под фотографиите од болницата, водителката напиша долг текст во кој го опишува труењето што го доживеале, истакнувајќи го 7 февруари како свој втор роденден.
„7:02. Нашиот втор роденден. Затоа што сè уште сум жива. Како и моето девојче. И ќеркичката на пријателот која тоа попладени, беше кај нас за да си играат, Само поради интуицијата на мојот сопруг го преживеавме труењето со јаглерод моноксид. Уна беше полесно отруена од мене поради разликата во висината, од истата причина моите кучиња се живи затоа што живеат и дишат на висина од околу 30 сантиметри. А, јагледот моноксидот е полесен од воздухот. И прво ќе ги пополни горните делови од вашите станови. Во зависност од кубикажата на просторот и брзината со која истекува, и од висината на цевките – со тоа темпо ќе ве убие. Тивко. Нема алармантни знаци дека вашите витални ткива умираат токму во тој момент. А, тој процес – во моментот кога тивкиот убиец почнува да влегува во вашите бели дробови, да се врзува за хемоглобинот во крвта и да се дистрибуира по виталните органи, тогаш всушност почнува да се случува. Смрт на клетките“, напишала водителката и додала
„Една по една умираат клетките на вашето мозочно ткиво, срцето, на кое тивко му се заканува инфаркт, црниот дроб и бубрезите. А, вие, во тој момент ќе чувствувате главоболка, вртоглавица, срцето ќе ви чука, ќе имате мачнина. Нема да има иритација на слузницата, нема шмркање, кашлање, гушење, осип… Ништо што би можело да упатува на тоа дека се наоѓате на пат кон вечниот мир. Нема да бидете ниту бледи, не. Ниту синкасти, ниту виолетови. Ништо од тоа. Ќе го проколнувате стресот на работа, ручекот кој сте го изеле, ветарот кој, како на секој деклариран метеопат, повторно не ви дозволува да живеете. Можеби и вие како и јас ќе се напиете апче за смирување, бидејќи главоболката и чукањето на срцето ќе ви поминат откако ќе се наспиете. И ќе легнете. Последен пат во својот живот, доколку немате луда среќа каква што имавме ние. Ќе заспиете и ќе бидете несвесни за она што следи. Светлата на итната помош, полицијата, интервентните единици од градскиот гасовод, пожарникари, плачот и очајот на вашите најблиски, сирените, жолтите и сините ротациони одблесоци на фасадите како сведоци на трагедија. Вас веќе ве нема. Крај“, објаснила Николина, која апелирала за детекторите за гас на крајот од овој текст.
View this post on Instagram
ФОТО: Инстаграм