НИКОЛАС КЕЈЏ ИСФРЛЕН ОД РЕСТОРАН Мислеле дека е пијан бездомник ВИДЕО

Се шокиравме кога подоцна се утврди дека тоа е Николас Кејџ. Беше целосно вон себе и се расправаше со персоналот. Беше во многу лоша состојба и шеташе бос, раскажуваат сведоци за британскиот The Sun.

3,827

Славниот американски актер Николас Кејџ го исфрлиле од луксузен ресторан во Лас Вегас бидејќи мислеле дека е пијан бездомник.

Тој во видно алкохолизирана состојба е исфрлен од ресторанот Lawry’s Prime Rib, а инцидентот се случил минатата недела.






Глумецот уживал во виски и текила по што станал агресивен.

– Бевме во барот кога забележавме тип за кој прво мислевме дека е пијан бездомник. Се однесуваше лудо. Се шокиравме кога подоцна се утврди дека тоа е Николас Кејџ. Беше целосно вон себе и се расправаше со персоналот. Беше во многу лоша состојба и шеташе бос. Персоналот ни кажа дека пиел текила и виски. Викаше на луѓето и се обидуваше да се степа, а потоа персоналот го замоли да си оди. Беше толку пијан што едвај ги облече обувките, пред да го испратат. На крај, еден од гостите на ресторанот го однесе дома – раскажуваат сведоци за британскиот The Sun.

Поврзани содржини