НИКОЛА СТОЈАНОВСКИ НАПОЛНИ 101 ГОДИНА Честитки за придонесот во градењето на современата македонска држава

4,848

Претседателот на Сојузот на борци од Народноослободителна антифашистичка војна на Македонија д-р Никола Стојановски, денеска го прослави 101 роденден.

„Со длабока почит упатувам честитки по повод 101. роденден на претседателот на Сојузот на борци од Народноослободителна антифашистичка војна на Македонија, д-р Никола Стојановски. Неговиот вековен придонес кон нашата историја и непрекинатата служба кон македонскиот народ и современата македонска држава, се темелите на денешната Македонија. Храброста, решителноста и жртвата во името на националната слобода се вечни паметници што го обликуваат нашето општество“, се наведува во честитката на Оливер Спасовски, поранешен министер за внатрешни работи.






Стојановски е роден на 8 февруари 1923 во велешкото село Скачинци, дипломирал на Медицински факултет во Белград во 1952, а специјализирал педијатрија во Загреб во 1958. Цел работен век го минал како доктор, а дел од кариерата бил и директор на Велешката болница.

Поврзани содржини