НИКОЛА САРКОЗИ Е ОСЛОБОДЕН ОД ЗАТВОР Поранешниот претседател на Франција ќе биде под судски мерки

Судот објави дека на поранешниот претседател му е забрането да ја напушти француската територија и да контактира со клучните лица во случајот, вклучувајќи ги и кообвинетите и сведоците. Судењето по жалбата се очекува напролет.

666

Апелациониот суд во Париз го прифати барањето на поранешниот француски претседател Никола Саркози, кој издржува затворска казна во затворот Ла Санте во Париз, да биде условно ослободен.

Поранешниот претседател на Франција е ставен под судски надзор.






– Судот го прогласува барањето за ослободување за прифатливо и ве става под судски надзор – рече претседателот на Апелациониот суд.

Саркоси (70) треба да го напушти затворот Ла Санте во текот на попладнето.

Судот објави дека на поранешниот претседател му е забрането да ја напушти француската територија и да контактира со клучните лица во случајот, вклучувајќи ги и кообвинетите и сведоците. Судењето по жалбата се очекува подоцна, веројатно напролет.

Саркози побара од судот да биде условно ослободен во исчекување на одговорот по жалбата, само неколку недели откако почна да ја отслужува 5-годишната затворска казна за заговор за собирање пари за изборна кампања од Либија.

Зборувајќи на сослушувањето преку видеоврска од затворот, Саркози рече дека ќе ја почитува секоја одлука на судот доколку биде ослободен.

– Јас сум Французин. Ја сакам мојата земја. Се борам вистината да победи. Ќе ги почитувам сите обврски што ми се наметнати, како што отсекогаш сум правел – рече Саркози.

Поранешниот претседател беше прогласен за виновен за нелегално собирање средства за кампањата за претседателските избори во 2007 година, што ги добил од починатиот либиски лидер Моамер Гадафи. Саркози беше ослободен од сите други обвиненија, вклучително и оние за корупција и примање нелегално финансирање на кампањата.

 

ТЕШКО Е В ЗАТВОР, ГОСПОДИНЕ СУДИЈА, РЕКОЛ САРКОЗИ Екс-лидерот ќе излезе од зад решетки, ама под надзор?

Поврзани содржини