НИКОЛА НЕ ИЗЛЕЗЕ ОД КОМА Скокнал од карпа во Охрид и тешко се повредил

Тешко повреденото момче било префрлено во Скопје, каде што било оперирано, по што паднало во кома од која не се разбудило.

1,407

Никола Стевановиќ Коле (26), млад фудбалер од селото Доње Краинце кај Лесковац, почина во болница, по 12 дена борба за живот, како последица на несреќа што се случила на Охридското Езеро.

Како што пишува Југмедиа, Никола починал во Скопје, далеку од својот дом и семејството, откако бил во кома 12 дена.






Никола бил на одмор на Охридското Езеро со клубот пред почетокот на сезоната. Тој скокнал од карпа во езерото, но удрил во подводна карпа и ги скршил вратот и шестиот пршлен.

Тешко повреденото момче било префрлено во Скопје, каде што било оперирано, по што паднало во кома од која не се разбудило.

Поврзани содржини