НИКОЛА ДИМИТРОВ ЧЛЕН НА „СВЕТСКАТА ВЛАДА”? Македонец прв пат на конференција на Трилатералната комисија
Трилатералната комисија е невладина организација која ги обединува светските лидери и е основана во 1973 година од Дејвид Рокфелер, Збигњев Бжежински и Џими Картер со цел да се зајакне економската соработка помеѓу Северна Америка, Западна Европа и Јапонија.
Европски моќници, банкари, интелектуалци, претставници на голем број глобални компании и претставници од невладините организации учествуваат на годинашниот состанок на таканаречената „Светската влада во сенка“ кој се одржува во Прага од 10 до 12 ноември.
Неофицијално дознаваме дека на состанокот на Трилатералната комисија присуствува и поранешниот министер за надворешни работи Никола Димитров. Ова е прв пат Македонец да бидел дел од собир на оваа контроверзна организација
Претседател на европската филијала на Трилатералната комисија е Аксел Вебер, шеф на швајцарската УБС банка.
Медиумите информираат дека Прага е преполна со познати личности кои учествуваа на дебатата во градското собрание на Прага, а прием за сите гости ќе приреди и претседателот на Чешката Република Петр Павел.
Трилатералната комисија е невладина организација која ги обединува светските лидери и е основана во 1973 година од Дејвид Рокфелер, Збигњев Бжежински и Џими Картер со цел да се зајакне економската соработка помеѓу Северна Америка, Западна Европа и Јапонија. Седиштето на оваа организација е во Њујорк.
Многу истакнати аналитичари и научници ја опишуваат оваа група како „влада во сенка“, а теоретичарите на заговор веруваат дека Трилатералците работат на воспоставување на таканаречениот „нов светски поредок“ врз основа на принципот „една влада за целиот свет“.
Интересно е што Трилатералната комисија се повеќе се занимава со регионот на Западен Балкан.