📷 НИКОЛА ЈАКИМОСКИ ГО ФАТИ КРСТОТ ВО ОХРИД На подарок доби златно ланче со крст

Никола посака на сите луѓе многу здравје, среќа и уште долго да го празнуваат овој голем христијански празник а заедно со другите кои се фрлија во водите на Охридското Езеро испеаја пригодна црковна војорданска песна.

220

Никола Јакимоски од Охрид е среќниот фаќач на Светиот крст во водите на Охридското Езеро.

Тој беше најсреќен меѓу стотиците капачи кои денес пливаа во студените езерски води. Температурата на водата утрово изнесуваше 8 степени Целзиусови.






Никола посака на сите луѓе многу здравје, среќа и уште долго да го празнуваат овој голем христијански празник а заедно со другите кои се фрлија во водите на Охридското Езеро испеаја пригодна црковна војорданска песна.

– Нека ни е за многу години. Здравје, среќа, љубов на сите – рече тој по фаќањето на крстот.

Од име на владиката, тој доби златно ланче со крст, а доби подарок и од страна на градоначалникот.

Крстот во осветените води утрово беше традиционално положен на градското пристаниште.

На овој чин присуствуваа илјадници верници од цела Македонија.

Поврзани содржини