НИКОЛ КИДМАН ЈА НАПУШТИ ВЕНЕЦИЈА ПОРАДИ СМРТТА НА МАЈКА Ѝ Актерката не ја прими лично наградата

Наградата за најдобра актерка за „Babygirl“ во име на Кидман ја прими режисерката на филмот, Халина Рејн.

2,024

Никол Кидман го пропушти доделувањето на наградите на фестивалот во Венеција поради смртта на мајка ѝ, Џенел Ен Кидман.

Наградата за најдобра актерка за „Babygirl“ во име на Кидман ја прими режисерката на филмот, Халина Рејн.






„Во шок сум и морам да одам кај моето семејство, но оваа награда е за неа. Таа ме обликуваше, ме водеше и ме создаде. Неизмерно сум благодарна што можам да го кажам нејзиното име на сите вас преку Халина. Судирот на животот и уметноста е потресен, а моето срце е скршено“, напиша Кидман, а пораката ја прочита режисерката Халина.

На почетокот на јануари 2022 година, Кидман сподели дека нејзината мајка е во лоша здравствена состојба, но не даде дополнителни информации во тоа време.

– Таа ми даде оган за кариерата што ја имав, зашто отсекогаш сакав да ѝ удоволам. Таа го издлаби својот пат и сакаше нејзините ќерки да имаат можност да го издлабат својот пат – изјави Кидман во 2020 година за Холивуд репортер зборувајќи за мајка си.

Поврзани содржини