НИКОГАШ ОЛКУ РАНО НЕ СЕ СЛУЧИЛА ТОЛКУ ЦРНА КАМПАЊА Тоа само говори за очајот на СДСМ, вели Николоски
СДСМ, кој што воопшто не се реформира, ДУИ, која што сè уште сонува дека може да ги диктира политичките услови и од трета страна Левица, која целосно се изгуби, обединето водат црна кампања, ама граѓаните не треба да се демотивираат, рече потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски на вечерашниот митинг во Кавадарци.
Доаѓајќи накај Кавадарци забележав дека се интензивира црната негативна кампања од нашите политички опоненти, коишто се здружија со својата немоќ, се здружија свесни дека народот не ги сака и не ги почитува, рече потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски на вечерашниот митинг во Кавадарци.
– Ова не се први избори на кои излегуваме, но можам да ви кажам дека вака рано, ваква црна кампања до сега не се случила, што само говори за очајот од една страна на СДСМ, кој што нема никаков концепт и воопшто не се реформира и не ги учи грешките од минатото и од минатогодишниот пораз. Од друга страна ДУИ, која што сè уште сонува дека може да ги диктира политичките услови во Македонија, а во суштина се длабока опозиција и ќе останат длабока опозиција после овие избори. И од трета страна Левица, која целосно се изгуби во една негатива и црна кампања, оние коишто се претставуваа себеси за најголеми патриоти, сега се слуги на ДУИ и на Али Ахмети, оние кои што се претставуваа за скромни, плачат четири, пет дена пари колку да земеле од државата. И сега трите обединето водат црна кампања – кажа Николоски.
Николоски ги повика граѓаните да не подлегнат на нивната црна кампања и да не се демотивираат, затоа што како што вели „не сме сите исти“.
– На 19 октомври треба да се даде поддршката за кандидатите за градоначалници и листите за советници на ВМРО-ДПМНЕ, затоа што разликата е многу голема – рече Николоски.