НИКОГАШ ВИДЕНИ ФОТОГРАФИИ Официјалниот фотограф на Балашевиќ ги објави јавно (ФОТО)

Најголемите обожаватели н Балашевиќ секојдневно виртуелно се дружат во фејсбук-групата „Đotovi“, во која членуваат повеќе од 55. 000 луѓе.

581

Поминаа речиси десет месеци од смртта на легендарниот кантавтор Ѓорѓе Балашевиќ, а неговите најголеми обожаватели секојдневно виртуелно се дружат во фејсбук-групата „Đotovi“, во која членуваат повеќе од 55. 000 луѓе.

Во групата од неодамна е активен и официјалниот фотограф на Балашевиќ, Петар Киршнер, кој во групата објави седумдесетина фотографии од концерти и дружење со легендарниот кантавтор. Некои од нив јавноста никогаш немала можност да ги види.






– Она што отсекогаш ми беше фасцинантно е што секој концерт беше сосема различен, особено „Календар мог дјетињства“, значи на секој настап истата работа ја кажуваше сосема поинаку и секој пат беше исто напнато и интересно. Овие концерти знаеја да траат и до 4 часа, тој не мрдаше од сцената, зборуваше, пееше и уживаше. Во една прилика, мислам дека беше во Копривница, една жена од првиот ред сакаше да оди во тоалет, тој ја прекина приказната и ја искара (се разбира на негов начин) па госпоѓата многу брзо се врати во своето место, изјавил фотографот за хрватски „Индекс“.

Foto: Petar Kürschner Jr.

Поврзани содржини