Никогаш повеќе нема да носам градник, па градите нека ми виснат до папокот! (ВИДЕО)

747

„Не можам, жал ми е, но не можам повеќе“, е познатата изјава од „Досие икс“.

Џилијан Андерсон (52) се заколнала дека по карантинот повеќе никогаш нема да облече градник, па ако треба „градите нека ѝ виснат до папокот“.






Актерката, која е најпозната по улогите како агентката на ФБИ, Дејна Скали од култната серија „Досие икс“, Маргарет Тачер во „Круна“ и во „Сексуално образование“ своите нови навики ги открила при обраќањето во живо на Инстаграм.

Андерсон им се обратила на фановите на Инстаграм, притоа не носела градник и рекла дека повеќе нема ниту да го носи!

– Јас сум мрзлива, не носам градник повеќе. Не можам, жал ми е, но не можам повеќе. Не ми е гајле дали градите ќе ми висат до папокот, премногу ми е непријатно – рекла актерката.

Андерсон освои два Златни глобуси, и штотуку е номинирана за наградата „Еми“, за улогата на Маргарет Тачер во серијата „Круна“.

Американката Андерсон живее во Лондон од 2002 година.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Gillian Anderson (@gilliana)

ФОТО: Инстаграм

Поврзани содржини
na