НИКОГАШ ПОУБАВА И ПОМОЌНА ОД СЕГА Шакира и Пике се договорија за старателството на децата (ФОТО)
Никогаш поубава и никогаш помоќна Шакира. Таа е неверојатно убава во кампањата на престижниот бренд. Мора да се признае, таа отсекогаш пленела со својата убавина, но денес е посилна од кога било досега.
Шакира и Жерар Пике се договорија за старателството над децата. Пејачката доби целосно старателство на синовите. Нејзиниот предлог да ги однесе нивните синови Милан и Саша во Мајами бил прифатен. А неколку дена по таа вест, таа блесна во новата кампања на модната куќа „Барбери“.
View this post on Instagram
Никогаш поубава и никогаш помоќна Шакира. Таа е неверојатно убава во кампањата на престижниот бренд. Мора да се признае, таа отсекогаш пленела со својата убавина, но денес е посилна од кога било досега.
Откако се појавија веста дека таа и Жерар Пике се разделиле, а потоа почнаа да се шират гласини дека нејзиниот поранешен партнер ја изневерил, постојано се шпекулира дека кармата ќе ѝ се оддолжи на Шакира на најдобар можен начин.
Во меѓувреме, поранешниот фудбалер на Барселона ја откри својата врска со Клара Чиа Марти, која работеше во неговата компанија, и покрај наводниот договор што го имал со пејачката да не се појавува јавно со новата партнерка една година по раскинувањето.
View this post on Instagram
Следеа макотрпни преговори за старателството над децата, а само петтата средба, која траеше 12 часа, вроди со плод.
Пике сакаше момчињата да останат во Барселона, а Шакира сакаше да се пресели со синовите во Мајами.
„Ел Периодико“ наведува дека Пике попуштил и дека Милан и Саша од почетокот на 2023 година ќе живеат со нивната мајка во Мајами. Претходно Божиќ ќе го поминат во Барселона со својот татко, а Пике кога сака ќе може да ги посети на Флорида.
ФОТО: Инстаграм