НИКОГАШ НЕ СТЕ ВИДЕЛЕ ВАКВА ВЕНЧАНИЦА Се омажи наследничката на нафтената империја (ФОТО)
Четири слоеви ткаенина украсени со стаклени парчиња е делото на креативниот директор на Мејсон Маргиел, Џон Галијано.
Наследничката на познатиот американски нафтен тајкун, Џон Пол Гети го изговори судбоносното „да“ во најнеобичната венчаница која сте ја виделе.
Ајви Гети позирала за фотографот Тобиас Ангел на раскошните скали од општината во Сан Франциско.
View this post on Instagram
Четири слоеви ткаенина украсени со стаклени парчиња е делото на креативниот директор на Мејсон Маргиел, Џон Галијано.
„Со оглед на тоа дека мораше да се движи, парчињата огледало моравме да ги комбинираме со стакло налик огледало. На тој начин постигнавме фустанот да биде многу полесен“, рекол Галијано.
„Креации на Галијано носеше и мојата баба додека работеше за „Живанши“ и „Диор“. Го обожаваше, му се воодушевуваше. На денот на венчавката се чувствував како цело време да е со мене“, рекла Ајви.
View this post on Instagram
Пред самата церемонија на венчавката, парот организирал и забава во Палатата за ликовни уметности во Сан Франциско.
Тајкунот Џон Пол Гети бил познат како скржавец. По неговата смрт, неговото семејство не видело ниту еден долар од огромното богатство коешто го стекнал, туку сѐ оставил на фондациите посветени на неговото омилено хоби – собирање на уметнички дела.
ФОТО: Инстаграм