„НИКОГАШ НЕ СМЕ СКЛУЧИЛЕ 9 ДОГОВОРИ ЗА 4.500 МАШИНИ ЗА КОЦКАЊЕ“ Државна лотарија вели дека воопшто не фигурира како договорна страна во тие договори
Повторно укажуваме дека Државна лотарија после сите напади и дезинформации покажа и докажа пред надлежните институции и јавноста дека сите набавки се прават согласно законските прописи кои се во сила, се наведува во соопштението.
Државана лотарија ги дематнира, како што вели, дезинформациите изнесени од страна на портпаролот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски и смета дека е од огромна важност да ја информира пошироката јавност, како и играчите на игрите на среќа за вистинитоста и фактичката состојба.
„Оваа манипулација со неточни информации од опозициската ВМРО-ДПМНЕ ја демантираме и побиваме во целост како невистинита и паушално изнесена. Државна лотарија во ниту еден момент во периодот од декември 2022 година, заклучно со декември 2023 година, нема склучено 9 договори за машини за коцкање, сите по 500 апарати во вкупен број од 4.500 апарати.
Доколку опозициската ВМРО-ДПМНЕ изврши јасна анализа на склучените договори за набавка на видеолотариски терминали за игри на среќа, објавени на системот на Бирото за јавни набавки, ќе утврди дека во ниту еден момент Државна лотарија не фигурира како договорен орган за кој било од погоренаведените договори.
Овие информации изнесени од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, кои притоа и погрешно се анализирани, имаат единствена цел да извршат дезинформација на јавноста, а со тоа и да се наштети на имиџот на Државна лотарија.
Повторно укажуваме дека Државната лотарија после сите напади и дезинформации покажа и докажа пред надлежните институции и јавноста дека сите набавки се прават согласно законските прописи кои се во сила.
Државна лотарија ќе продолжи и во иднина да работи врз основа на важечките закони на Република Северна Македонија, и истата нема да дозволи дезинформаторите да го нарушат авторитетот на ниту еден од вработените во Државната лотарија на Северна Македонија“, се наведува во демантот на Државна лотарија.