НИКОГАШ НЕ СЕ ЗАПОЗНАЛЕ Хју Хефнер платил 75.000 долари за да биде погребан покрај оваа холивудска актерка

Хју Хефнер платил 75.000 долари за да биде погребан во гробот покрај холивудската ѕвезда Мерилин Монро и покрај тоа што тие никогаш не се запознале.

413

Хју Хефнер платил 75.000 долари за да биде погребан во гробот покрај холивудската ѕвезда Мерилин Монро и покрај тоа што тие никогаш не се запознале.

Меѓутоа, иако не ја запознал, Хефнер од Мерилин направил икона на „Плејбој“ откако купил неколку нејзини разголени фотографии кои таа се согласила да ги направи кога немала пари.






Подоцна, кога Мерилин беше една од најголемите и најпрепознатливите ѕвезди во светот, Хефнер ги објави фотографиите во списанието без да ѝ каже на Монро, која подоцна рече дека морала да го купи списанието за да се увери сама.

 

 

Хефнер почина во септември 2017 година, а неговите посмртни останки се наоѓаат во криптата на гробот на Пирс Брадерс Вествуд вилиџ Меморијалниот парк  во Лос Анџелес. Веднаш до него се наоѓа гробот на Мерилин, која почина во 1962 година на само 36 години.

Хефнер ја донесе својата одлука да биде погребан покрај Мерилин години порано, кога за „Лос Анџелес тајмс“ во 2009 година изјави: „Верувам во симболични работи. Да се ​​помине вечноста покрај Мерилин е премногу слатко за да се пропушти“.

Тој потврди и дека платил 75.000 долари за место до актерката, што ги налути феминистките кои истакнаа дека Хефнер без нејзина согласност ги објавил нејзините разголени фотографии и не ѝ дал ниту цент. Всушност, кога се согласила да се фотографира во 1949 година, за нив ѝ платиле само 50 долари, а потоа го замолила фотографот да се обиде да ги сними така што таа да не биде препознатлива.

Хефнер подоцна ги платил 500 долари и ги објавил на централно место во првото списание „Плејбој“.

Во 2011 година, Хефнер му рекол на британскиот водител Пирс Морган: „Таа всушност беше во класата по глума на брат ми во Њујорк. Но, реалноста е дека никогаш не ја запознав. Еднаш разговарав со неа на телефон, но никогаш не ја сретнав. Таа замина, за жал , пред да дојдам овде“, признал тој.

 

 

Поврзани содржини