НИКОГАШ НЕ БИЛО ОДЛУЧУВАНО ПО ПАРТИСКИ КЛУЧ, ИМАТЕ 15 ДЕНА ДА СЕ ПОЖАЛИТЕ Министерката за култура одговори на бројните обвинувања за средствата од конкурсот

Ги повикувам сите кои сметаат дека на било кој начин биле обесправени, откако ќе ги добијат своите решенија и имаат забелешки по однос на одобрени проекти и сума, да поднесат жалба. Комисијата сето тоа добро ќе го разгледа и ќе одлучи по однос на нивните жалби, рече министерката за култура, апелирајќи до сите да го искористат овој правен механизам.

647

Партиска припадност никогаш не била и нема да е критериум на овој конкурс за финансирање проекти од јавен и национален интерес. Никогаш повеќе ова Министерство нема да одлучува по партиски клуч, онака како што беше до пред неколку години, како што сите паметиме дека тоа се случуваше, изјави денеска министерката за култура Бисера Костадиновска – Стојчевска по брифингот со медиумите.

Според неа, секој квалитетен проект за кој Комисијата ќе одлучи дека е квалитетен, треба да се поддржи.






– Никогаш да не се гледа на индивидуалност, да не се гледа на партиска припадност, како што сум сигурна дека тоа комисиите ниту за овој повик не го правеа – нагласи Костадиновска – Стојчевска.

Во однос на издавачите, министерката за култура потенцира дека тече времето за поднесување жалби. Рокот за поднесување жалби е 15 дена.

– Ги повикувам сите кои сметаат дека на било кој начин биле обесправени, откако ќе ги добијат своите решенија и имаат забелешки по однос на одобрени проекти и сума, да поднесат жалба. Комисијата сето тоа добро ќе го разгледа и ќе одлучи по однос на нивните жалби – рече министерката за култура, апелирајќи до сите да го искористат овој правен механизам.

Изминатиот период имаше реакции во однос на конкурсот за финансирање проекти од јавен и национален интерес.

Буџетот на Министерството за култура е намален во однос на минатата година. Вкупниот буџет за поддршка на конкурсите за финансирање проекти од национален интерес за 2023 година е 20 отсто од целиот буџет, информираше дКостадиновска-Стојчевска.

Сепак, како што изјави министерката по брифингот со медиумите, Комисијата постапила најсоодветно во однос на распределбата на средствата за поддршка на проектите, согласно доделениот буџет.

– Никогаш нема да имаме доволно пари во културата, доколку и цел буџет го искористиме само за овие проекти и тоа ќе биде малку. Јас сето тоа го разбирам, но сметам дека Комисијата постапила најсоодветно во однос на распределбата на средствата за поддршка на проектите, согласно доделениот буџет – рече Костадиновска-Стојчевска.

Додаде дека минатата година буџетот на Министерството за култура изнесувал 4,6 милијарди денари, а оваа година е 3,7 милиони денари.

– Согласно овој буџет, според тоа што ние го имаме како должност кон националните установи, предвидени се 12,6 милиони евра за програмите, 21,3 отсто за националните установи и остатокот е за одделот на Министерството за култура – изјави Костадиновска-Стојчевска.

Министерката се осврна и на поддршката за писателите и реакциите од Друштвото на писателите на Македонија.

– Писатели, како Петар Андоновски, Гордана Михаиолова Бошњаковска и Блаже Миневски, до сега добивале и ќе добиваат поддршка од Министерството на конкурсите за литература и издавачката дејност. Комисијата оваа година одлучила дека ќе поддржи еден проект, а нема да поддржи друг и не станува збор за лична одмазда, рече на денешниот брифинг министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, по реакцијата на Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ) во однос на нефинансирањето на некои автори и нивните најнови дела – изјави министерката.

Костадиновска Стојчевска истакна дека Министерството одлучило оти делото на Петар Андоновски „Страв од варвари“ треба да биде преведено и на албански јазик и да се зголеми достапноста до поширок број на читатели. Таа потенцираше дека писателот Андоновски долги години е поддржуван од Министерството за култура, но Комисијата одлучила така како што одлучила.

– Оваа година Комисијата одлучила дека ќе поддржи еден проект, а нема да поддржи друг проект. Оваа година имавме околу 1.200 проекти, а од она што сакав јас да видам што се е поддржано во програмата, станува збор за повеќејазични проекти, проекти од странски автори во превод на македонски јазик или на некој од јазиците од другите етнички заедници во земјава, како и разни други преводи или препеви – рече Костадиновска Стојчевска.

Во однос на реакцијата на фолкористот Марко Китевски за недобивање поддршка за издание на одбрани патриотски песни, министерката рече дека оваа година имаме многу голем јубилеј -120 години Илинден и тој е поддржан и со изданија и со многу други проекти.

– Доколку овој ракопис Комисијата одлучила да не го поддржи, не значи дека 120 години Илинден ние ќе го пропуштиме. Напротив, ќе го одбележиме како што доликува – додаде министерката.

 

Поврзани содржини