📷 НИКОГАШ НЕ БИЛА ПОУБАВА Јелена Карлеуша откри која нова естетска корекција ја направила на лицето

Естетската корекција на Јелена Карлеуша повеќе не е тајна, еве што поправи.

3,932

Српската поп пејачка Јелена Карлеуша важи за една од најатрактивните пејачки во регионот. Високата згодна русокоса долги години може да се пофали со неверојатна фигура, а не е тајна дека имала одредени естетски корекции.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jelena Karleuša (@karleusastar)







Добро е познато дека пејачката одамна ја коригирала големината на градите, како и дека работела на волуменот на усните, но сега се одлучила за уште еден третман.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jelena Karleuša (@karleusastar)


За најновата естетска корекција на Јелена Карлеуша, пофалбите одат на сметка на позната руска докторка, на која таа и ја доверила негата на своето лице.

Имено, откако доби многу комплименти за нејзиното прекрасно лице без брчки, а потоа и прашања како успева во тоа, пејачката на своите обожаватели им откри што е последното нешто што го поправила на своето лице.

– Бидејќи сите ме прашувате, ви ја откривам тајната и ви ја претставувам најдобрата руска докторка задолжена за ботокс, што го направив за првпат минатата година. Резултатите се воодушевувачки! Не се мрштам и сите забележаа неверојатна промена – напишала Карлеуша покрај фотографијата со руската докторка.

Може да се каже дека пејачката избрала врвна експертка, бидејќи изгледа свежо и подмладено, а се чини дека естетската корекција на Јелена Карлеуша била одличен избор, бидејќи според многумина таа изгледа подобро од кога било.

 

Поврзани содржини