НИКОГАШ НЕ БИ ПОСЕГНАЛЕ ПО ТЕРОРИСТИЧКИ МЕТОДИ Украина тврди дека не е вмешана во нападот кај Москва

400

Советникот на шефот на кабинетот на претседателот на Украина, Володимир Зеленски, Михаил Подољак, изјави дека Украина наводно не е вмешана во терористичкиот напад на концертната сала Крокус Сити Хол.

„Како прво, Украина се бори со руската армија повеќе од две години. И сè во оваа војна ќе се решава само на бојното поле. Само по количина на оружје и квалитетни воени одлуки. Терористичките напади не решаваат никакви проблеми“, напиша Подољак на Х.






Второ, додава тој, Украина никогаш не прибегнала кон употреба на терористички методи.

„И трето, долго пред настаните во Крокус Сити Хол слушнавме јавни предупредувања од странските амбасади стационирани во Москва за можноста од такви крвави инциденти“, наведува Подољак.

Поврзани содржини