НИКОГАШ НЕ ЈА ВИДЕЛ Актерот три години одбива да ја запознае својата ќерка (ФОТО)

Вилсон со ќерката никогаш не остварил никаков контакт, додека со синовите Роберт и Фин кој ги добил со две различни жени има нормален однос.

1,539

Поранешната девојка на холивудскиот актер Овен Вилсон го обвинила дека никогаш не сакал да ја запознае нивната тригодишна ќерка.

Како што пишува „Дејли мејл“, Вилсон со ќерката никогаш не остварил никаков контакт, додека со синовите Роберт и Фин кој ги добил со две различни жени има нормален однос.






– За жал, никогаш не ја запозна – потврдила за „Дејли мејл“ Варуни Вонгсвиратс, поранешната девојка на Овен. Таа претходно истакнала дека го преколнувала да го стори тоа, меѓутоа, актерот одбивал.

– Помага финансиски, но никогаш не стануваше збор само за тоа. На Лајла ѝ е потребен татко. Иронично е како во филмовите глуми улоги на грижливи татковци, а никогаш не ја сретнал сопствената ќерка – заклучила Варуни.

Да потсетиме, Варуни и Овен беа пет години во врска, а актерот во 2018 година се подложил на тест за татковство кој потврдил дека тој е биолошкиот татко на малата Лајла.

ФОТО: Инстаграм

 

Поврзани содржини