НИКОБ – ЕДНА ОД НАЈПОСВЕТЕНИТЕ ОПШТЕСТВЕНО ОДГОВОРНИ ГРУПАЦИИ Поддржа неколку големи настани
Групацијата Никоб спонзорира и поддржува и неколку спортски клубови во Македонија, како на пример одбојкарскиот шампион ОК Струмица, КК Ангели од Кисела Вода и ФК Кул.
Во изминатиот период Никоб Обезбедување, Никоб Медикал и Никоб Лаб беа покровители и поддржувачи на неколку големи спортски, културно-образовни настани и работилници низ целата држава.
Сите настани на кои Групацијата Никоб беше покровител исклучиво промовираа јавни политики кои имаа за цел да продуцираат здрави навики и животни стилови, младинска, спортска култура, медицинска и здравствена едукација.
– Горди сме што бевме спонзори и покровители на 43. Интернационален медицински конгрес во Охрид, реномираниот триатлон „Триоги рејсинг“, Саемот за автомобили Авто плус стрит шоу, мотоцикли и електрични велосипеди во Скопје, „Вози право, вози здраво“ во Скопје и прекрасниот струмички маратон Струмица на улица и како и многу други настани – велат од Групацијата.
Групацијата Никоб спонзорира и поддржува и неколку спортски клубови во Македонија, како на пример одбојкарскиот шампион ОК Струмица, КК Ангели од Кисела Вода и ФК Кул.