НИКОБ Е ПРИСУТЕН НА СЕКОЈ ГОЛЕМ НАСТАН Безбедноста на пејачите и на публиката е на прво место
Никоб медикал ги поседува најмодерните ресурси за медицинско обезбедување на настани од обемен тип, бидејќи има најмодерни медицински амбулантни и друг вид возила, како и стручен и обучен медицински тим од доктор, сестра и возач.
Никоб обезбедување и Никоб медикал уживаат најголема доверба кај најзвучните странски и домашни имиња и групи кога станува збор за физичко, патролно и медицинско обезбедување на реномирани, концерти, настани и спортски натпреварувања, соопшти компанијата.
Безбедноста на естрадните уметници, присутните гости и публиката се многу важен сегмент на секој концерт, настан или спортски натпревар и затоа се прават посебни планови и анализи и се ангажираат човечки и матријални ресурси во зависност од проценката, потребата и барањето на организаторите.
– Се подготвува стратешки и оперативен план во Никоб групацијата, а Никоб обезбедување ги поседува најзначајните ресурси кога станува збор за физичкото и патролното обезбедување за настани од обемен карактер, со врвни професионалци за обезбедување личности, бината, односно трибината, безбедноста на публиката е императив при безбеден влез и излез на конкретниот настан со преземање на сите безбедносни протоколи и процедури во делот на претрес при влез, проценка, стратешко планирање и позиционирање, а во втор безбедносен прстен е патролното обезбедување. Она што исто така е многу важна процедура е медицинското обезбедување на големите настани, а токму тоа го нуди и Никоб групацијата. Никоб медикал ги поседува најмодерните ресурси за медицинско обезбедување настани од обемен тип, бидејќи има најмодерни медицински амбулантни и друг вид возила, како и стручен и обучен медицински тим од доктор, сестра и возач и многу често се интервенира на настани кога некој од присутните гости или натпреварувачи се здобива со разни повреди – велат од компанијата.
Пакетот што го нуди Никоб групацијата го затвора системот за безбедност за големите собири и тоа од физичко и патролно до медицинско обезбедување, а способни се и да ангажираат голем број луѓе во делот на физичкото обезбедување, имаат голем број патролни или медицински возила, а клиентите од странство и дома најчесто го препознаваат тоа.
Во летната сезона, од април до септември оваа година, Никоб групацијата обезбедувала десетици значајни концерти, музички и спортски настани како што барале организаторите – по сите меѓународни стандарди за безбедност.
Дел од настаните кои ги обезбедувала Никоб групацијата во оваа сезона се концертите на: светските Deep Purple, Dj Tiesto, Senidah & Sara Jo и Tyga, домашните Каролина Гочева, Ohrid Calling и Дајте музика. Понатаму, Светското првенство во ракомет за млади, Европското првенство во одбојка за млади, маратони и триатлони, Струмица на улица, Вози право, вози здраво и други бројни меѓународни и домашни спортски настани.