„НИКОЈ ОД НАС НЕМА СИЛА ДА НОСИ РАДОСТ“ Се одложува шоуто „Глумците пеат“ поради настраданите во Кочани

Шоуто требаше да се одржи на 8 и 9 април, но поради трагедијата во Кочани, наскоро ќе бидат познати новите датуми, а билетите ќе важат за новите термини.

133

Поради пожарот во дискотеката во Кочани во кој загинаа 59 луѓе, се одложуваат двата шоуа „Глумците пеат“, кои требаше да се одржат на 8 и 9 април во Македонскиот народен театар (МНТ), објавија организаторите.

„Ова шоу постои за да носи радост и заедништво, но во моментов, никој од нас нема сила за тоа. Новите датуми ќе ги објавиме наскоро. Купените влезници ќе важат за новите термини. Ви благодариме на разбирањето“, велат организаторите.






Култни филмови со кои пораснале многу генерации ќе бидат тема на „Глумците пеат“. Најавени се околу 25 точки со различна приказна.

Ова е трето возобновено издание на манифестацијата која ја создаде актерот Марин Бабиќ, кој почина во октомври 2022, а неговите ќерки Маја и Ира Бабиќ ја организираат во негова чест. Во 2023, „Глумците“ се вратија на сцената по 17 години пауза.

Поврзани содржини