Струмичкиот ноќен бар „ Аватар“ кој изминатите месеци беше актуелен во јавноста поради журките што ги организираше за време на коронакризата и забраната за работа, деновиве повторно организира журки со познати диџеи и пејачи.
Граѓаните повторно реагираат дека на овие журки не се почитуваат здравствените препораки. На фејсбук се споделуваат видеа од некои од нив.
由 Македонски Непокор 发布于 2020年9月4日周五
Од Пазарната инсепкција за медиумите изјавија дека „Аватар“ не е веќе ноќен клуб, туку се пререгистрирал во кафе бар што може да се види и на фејсбук странаата на „Аватар“.
На страницата може да се види и дека кафулето работи само во петок и сабота и тоа од 21.00 до 1.00 часот кога има и програма која ја нуди за одреден број на гости и со напомена „да се заштитиме“.
Вечерва на програмата е раперот Драган Величковски, уште попознат под името Tyzee
Насатап на познати ди џеи има најавено и за утре.
Пазарната инспекција го затвори на 21 јули поради непочитување на протоколите и забраната за работа, но сопственикот на клубот Никола Тунев се сетил дека како кафе бар ќе може да продолжи да работи. Тоа го потврдува во својата изјава за Фактор, директорот на Пазарниот инспекторат Стојко Пауновски.
– Сега „Аватар“ работи како кафуле. Ги преместил шанковите, масите, преуредил за да може така да функционира. Во петокот имаше инспектори кои таму беа до 1.10 по полноќ, по што уредно затворил и сето тоа е документирано. Но, во саботата кога нашите инспектори беа испратени во Радовиш и во Гевгелија, од каде што добивме дојави дека ќе има забави, најверојатно некој му пренел дека нема да има инспекција кај него. Тогаш всушност се случува журката и тогаш се направени видеата на кој се гледа целосно непочитување на протоколите. За ова „Аватар“ доби кривична пријава од МВР.