НИКОЈ НЕМА МНОЗИНСТВО ВО СОВЕТОТ НА СКОПЈЕ 18 советници има ВМРО-ДПМНЕ, а пак СДСМ има 12
Советот брои 45 советници, а за мнозинство потребни се 23 советнички места.
Според конечните резултати на Државната изборна комисија ВМРО – ДПМНЕ во град Скопје освоиле 18 советнички места каде носител на листата е универзитетскиот професор Трајко Славевски. СДСМ освоил 12 советници. ДУИ во градското собрание ќе има пет советнички места, додека Левица четири.
Во советот на градот влегуваат и двајца независни кандидати од „Зелен хуман град“, како и двајца советници на Алијанса – Алтернатива. Две советнички места освои и коалицијата Либерално-демократска партија и ДОМ.
Советот брои 45 советници, а за мнозинство потребни се 23 советнички места.
Носител на листата на ВМРО-ДПМНЕ е професорот Трајко Славески, а на опозициската листа се и Владимир Нелоски, Марија Андоновска, Луке Галески, Малиша Станковиќ, Жаклина Шопова, Стефан Андоновски, Александар Трајановски, Емилија Ангелова…
Носител на листата на СДСМ е директорката на Клиниката за пластична хирургија, Софија Пејкова, потоа Мартин Попов, Дрита Исмјали Бафтири, Љубица Јанчева, Горан Арсов, но советник стана и Габриел Бајрам, синот на починатиот лидер на Сојузот на Ромите, Амди Бајрам.
Левица во Советот ќе ја предводи Реџеп Исмаил, а „Зелен хуман град“ ќе го застапуваат поранешната советничка од „Левица“, Драгана Велковска и Горјан Јовановски.