„НИКОЈ НЕМА ДА НÈ СПРЕЧИ“ Нетанјаху ја отфрли Резолуцијата на ОН за признавање Палестинска држава

Никој нема да нè спречи, Израел, да го искористиме нашето основно право да се заштитуваме – ниту Генералното собрание на ОН, ниту која било друга организација, изјави Нетанјаху.

231

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека неговата Влада едногласно ја отфрлила Резолуцијата на Обединетите нации за поддршка на признавањето на палестинската држава, јавија светските агенции, повикувајќи се на соопштение на Владата.

– Нема да им дозволиме да создадат држава на теророт од која ќе можат да нè нападнат уште повеќе – нагласи Нетанјаху и додаде:






– Никој нема да нè спречи, Израел, да го искористиме нашето основно право да се заштитуваме – ниту Генералното собрание на ОН, ниту која било друга организација.

Поврзани содржини