📽️ НИКОЈ НЕ ЗБОРУВА ЗА НАЈСТАРИОТ БРАТ НА ЈОКИЌ Страхиња е грамада човек, се прослави со инцидент

Во април 2024 година, за време на натпревар меѓу Денвер и Лејкерс, тој бил снимен како удира навивач на трибина. Снимката стана вирална, а неговото име стана предмет на судска постапка. Судот во Колорадо му изрекол условна казна од 12 месеци, без затвор, со забрана за какво било ново нарушување на јавниот ред, јави Јаху Спортс.

463

Кога влегол во салата „Бал Арена“ во Денвер, не очекувал дека ќе стане ѕвезда. Страхиња Јокиќ, најстариот брат на српскиот НБА шампион Никола Јокиќ, висок 208 сантиметри, стана симбол за тоа што се случува кога силата и темпераментот ќе излезат во јавноста.

Во април 2024 година, за време на натпревар меѓу Денвер и Лејкерс, тој бил снимен како удира навивач на трибина. Снимката стана вирална, а неговото име стана предмет на судска постапка. Судот во Колорадо му изрекол условна казна од 12 месеци, без затвор, со забрана за какво било ново нарушување на јавниот ред, јави Јаху Спортс.

 






Според сведоштвата, Страхиња влегол во физички контакт откако, наводно, сакал да заштити постара личност која ја познавал. Судијата не го прифатил тоа како оправдување. Навивачот кој бил нападнат пријавил потрес на мозок и повреда на лицето.


Одлуката на судот предизвика бурни реакции меѓу фановите, особено бидејќи јавноста го гледа семејството Јокиќ како симбол на смиреност, труд и спортска дисциплина. Но, во случајот на Страхиња, таа слика се наруши в миг, со еден замав, во буквална и во симболична смисла.

Сепак, Страхиња не е само брат на Никола, туку личност што носи свој товар, свој темперамент и своја приказна, онаа во која љубовта кон братот станува и благослов и искушение.

– Не сакав да направам проблем, само сакав да спречам нешто полошо – рече тој, според „Бличер Рипорт“.

Покрај условната казна, судот му наложил задолжителна програма за контрола на гневот и мерка за забрана за приближување до навивачот. Инцидентот засега не влијаел врз неговиот брат Никола, кој продолжува да игра во НБА со иста скромност и фокус на играта.

– Го познаваме Страхиња, тој не е агресивец, но кога ќе експлодира, тоа е како грмотевица – изјави фан по инцидентот, пренесува „Пипл“.

Страхиња има 43 години. Висок е 208 сантиметри.

Поврзани содржини