Никој не ве сака, ниту пак верува во вас, ве бранат само платениците и профитерите од вашето владеење

Тоа што избирате да реагирате глумејќи жртви и обвинувајќи слободни луѓе за политички манипулации и хајки кои всушност вие ги правите, кажува колку сте расипани и дрски.

2,509

Наместо Владата да плаче дека народот и новинарите и правеле хајка, нека ги објави сите податоци за целиот милион евра потрошени на хонорарци.

Потоа да објасни зошто олкава армија хонорарци за медиумската и пропагандна машинерија на власта.

Потоа нека го демонтира партискиот и владин ботовски систем кој координира стотици ботови на Фејсбук и Твитер и ги плаќа по лајкови и шерови, за водење хајки, ад персонам напади, за дефокус, релативизација, фалење на владејачката партија, Владата и глупандерите во нив.

Знаеме дека постои тој систем и фактот дека избирате да реагирате глумејќи жртви и обвинувајќи слободни луѓе за политички манипулации и хајки кои всушност вие ги правите, кажува колку сте расипани и дрски.

Луѓето ве имаат прочитано, никој не ве сака, ниту пак верува во вас, ве бранат само платениците и профитерите од вашето владеење.

(ФБ статус на авторот)

Поврзани содржини