НИКОЈ НЕ СОНУВАЛ ШТО ИМ ПОДГОТВУВА ЖИВОТОТ Новата девојка на Грашо била главна ѕвезда во спотот на Даниела Мартиновиќ (ВИДЕО)
Ќерката на познатиот музичар го освоила срцето на Грашо, а сега исплива и еден интересен податок.
Хана Хуљиќ (31), ќерката на хрватскиот музичар Тончи Хуљиќ (59), е во врска со хрватскиот пејач Петар Грашо (46), пишуваат хрватските медиуми.
Парот наводно е неразделен и повеќепати е виден како се шета држејќи се за раце, а таткото на Хана и пријател на Грашо, пишуваат медиумите, нема ништо против нивната љубов.
View this post on Instagram
Како што пишуваат хрватските портали, Даниела Мартиновиќ (50), некогашната членка на групата „Магазин“, со која Грашо беше во вонбрачна заедница 24 години, сѐ уште ја следи Хана на Инстаграм, но не и својот поранешен партнер.
View this post on Instagram
Со оглед на тоа дека Даниела соработувала со нејзините родители и се дружела со нив со децении, ја гледала и Хана како расте, сега некои се сетиле дека и тие соработувале пред многу години. Имено, тогаш тригодишната Хана се појавила во спотот на групата „Магазин“ за песната „Дојде време“.
Таа најпрвин на телевизија го гледа настапот на Данијела и се смее, а потоа пејачката се појавува во просторијата и ја носи некаде, насмеана и разнежнета.
Петар Грашо и Даниела заедно поминаа речиси две и пол децении, а живееја во луксузен пентахус во Загреб, во кој моментално живее само пејачката.
Пејачот наводно е во врска со Хана неколку месеци, а видени се заедно во Загреб и Сплит.
ФОТО: Инстаграм