НИКОЈ НЕ СМЕЕ ДА ЈА ЗАТРЕСЕ МРЕЖАТА НА СТОЛЕ Рајо има супер почеток на сезоната

Тимот на Димитриевски, Рајо Ваљекано, синоќа забележа победа со 2:0 на гостувањето кај Гранада, а Димитриевски имаше неколку добри одбрани.

536

Македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски не прими гол и на вториот натпревар од новата сезона во шпанската Ла Лига.

Тимот на Димитриевски, Рајо Ваљекано, синоќа забележа победа со 2:0 на гостувањето кај Гранада, а Димитриевски имаше неколку добри одбрани.






По две кола во шпанското фудбалско првенство Рајо Ваљекано со Барселона се единствените екипи чии голмани не беа совладани.

Тимот за кој брани Македонецот заедно со Реал Мадрид и Валенсија имаат максимални шест бода.

Поврзани содржини