„НИКОЈ НЕ НИ ПОБАРА ОТКУП“ Зорица Ѓорчевска не знаела дали Александар и Палчо се познавале

На прашањето дали Александар и Палевски се познавале, Зорица рече дека не знаела, како и дека од медиумите дознала дека Александар е притворен.

3,726

Никој не ни побара откуп, а Александар од првиот момент тврдеше дека Вања е киднапирана, рече денеска Зорица Ѓорчевска, мајка на убиената Вања.

Судијата ја праша Зорица кога Александар прв пат рекол дека Вања е киднапирана.






Зорица не беше сигурна, но рече дека во автомобилот додека ја барале Вања по Партизанска, Александар почнал да зборува дека таа е киднапирана.

– Од прв момент, од попладнето го зборуваше тоа. Во текот на наредните денови повторуваше дека е киднапирана – јас му велев кој би ја грабнал? Во еден од наредните денови му се развикав да престане да зборува за тоа дека е киднапирана, зашто дотогаш никој не ни побарал откуп – рече Зорица и додаде дека од продажбата на станот ѝ останале 30.000 евра.

Адвокатот на таткото Александар, Владимир Туфегџиќ, ја праша Зорица дали таа му дозволила да ја зема киријата од едниот стан, на што таа одговори потврдно.

Тој ја праша и како му соопштила на Александар дека ја нема Вања, на што таа рече дека рекла „Вања ја нема“.

Адвокатот на обвинетиот Љупчо Палевски Палчо ја праша Зорица дали го познава провообвинетиот, на што таа рече:

– Не, ама знам кој е, татко ми купи стан од него.

На прашањето дали сте чуле од вашиот татко дека имало недоразбирање околу станот или неуплаќање на сумата, Зорица рече: „не, ако имало недоразбирања, татко ми ќе се повлечел“.

На прашањето дали Александар и Палевски се познавале, Зорица рече дека не знаела.

– Немам никакви сознанија, не следам медиуми, живеам во четири ѕида за да го заштитам детето од наслови и не знам што се шпекулира – рече таа и додаде дека од медиумите дознала дека Александар е притворен.

 

Поврзани содржини