НИКОЈ НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПОРЕДУВА СО МЕСИ, АМА ХАЛАНД СИ Е ХАЛАНД Гвардиола го испофали Норвежанецот
Манчестер сити вечерва од 21 часот се среќава со Вест Хем. Со победа „Граѓаните“ ќе се вратат на првото место на табелата во Премиер лигата.
Пеп Гвардиола смета дека во некои аспекти Ерлинг Халанд е рамен со Лионел Меси.
– Никој не може да се споредува со Меси, а таквите споредби нема да му помогнат на Ерлинг, но во однос на головите и менталитетот, да. Меси е таков секоја сезона веќе 10 или 15 години, но во однос на постигнатите голови Халанд е на исто ниво. Постигнува голови на речиси секој натпревар. Има шанси да постигне еден или два гола на секој натпревар. Но, Меси е најкомплетниот играч по визија, дриблинг, вештини за додавање, морал и многу други сложени работи. Се надевам дека Ерлинг ќе биде таков во иднина. Ќе биде одлично и за него и за нас – изјави Гвардиола.
Манчестер сити вечерва од 21 часот се среќава со Вест Хем. Со победа „Граѓаните“ ќе се вратат на првото место на табелата во Премиер лигата.