НИКОЈ НЕ ГИ ГАЗИ ЖЕНИТЕ КАКО ТАЛИБАНЦИТЕ ВО АВГАНИСТАН Девојчињата смеат да учат само до шесто одделение, жените не смеат во парк

Откако талибанците дојдоа на власт во Авганистан во август 2021 година, забележана е речиси постојана дискриминација на жените и континуирано усвојување мерки што ги ограничуваат нивните права, известува мисијата на ООН.

241

Специјалната претставничка на генералниот секретар на Обединетите нации и шефица на мисијата на ОН во Авганистан, Роза Отунбаева, денеска, на Меѓународниот ден на жената, соопшти дека Авганистан под талибанската влада се уште е држава која најлошо од сите држави во светот се однесува спрема правата на жените и девојчињата.

Отунбаева додаде дека е „вознемирувачки“ да се видат „намерни и систематски напори“ на талибанската влада да ги истисне жените и девојките од јавната сфера во Авганистан.






Половина од населението на Авганистан е принудено да остане дома во екот на една од најголемите светски и економски кризи, а тоа е чин на „национално самоосакатување“ во огромни размери, посочи таа.

– Сите Авганистанци, не само жените и девојчињата, ќе бидат осудени на сиромаштија и долгорочна зависност од хуманитарна помош со овој чин – нагласи Отунбаева.

Мисијата на ОН, исто така, објави дека

На девојчињата им е дозволено да одат на училиште само до шесто одделение, а на Авганистанките не им е дозволено да се појавуваат на јавни места како што се паркови и спортски сали.

Меѓу другото, на жените во Авганистан им е забрането да работат во владини и невладини организации.

Поврзани содржини