📷 📽️ НИКОЈ НЕ ЈА ПРЕПОЗНАВА КРИСТИНА АГИЛЕРА ОТКАКО ОСЛАБЕ 20 КИЛОГРАМИ Поради операциите и оземпик, прашуваат обожавателите

Пејачката Кристина Агилера (43) привлече внимание откако драстично ослабе.

647

Пејачката Кристина Агилера (43) привлече внимание откако драстично ослабе.

Музичарката со моќен вокал, позната по своите облини, изненади со трансформацијата и откри дека ослабела 20 килограми. Поп-пејачката викендот го помина во Италија каде што настапи на гламурозниот настан „Долче и Габана Алта мода“.






Кристина на својот инстаграм-профил сподели видео на кое се шета во розов мини фустан и чизми над колена во истата боја, а многумина забележаа дека пејачката зрачи со самодоверба.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Christina Aguilera (@xtina)


На видеото се гледа Кристина со самоувен од, заводлив поглед и насмевка на лицето, при што во коментарите некои ја опсипаа со комплименти, но многумина повторно почнаа да зборуваат дека користела оземпик, лек кој е одобрен само за лекување на дијабетес тип 2. Меѓутоа, овој лек многумина денес го користат и за слабеење.

„Што се случи со таа убава тежина што ја имаше?“, „Поради операциите и оземпик сега изгледа вака“, „По ѓаволите, ја изгуби сета таа секси тежина, се надевам дека е барем среќна“, „Икона Кристина“, „Што се случи со Кристина Агилера?“, беа само дел од коментарите на нејзината објава.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Christina Aguilera (@xtina)


Пејачката претходно призна дека се храни здраво и дека се откажала од грицките. Исто така, почнала да вежба, а обожава јога, бокс и кардио тренинзи.

ФОТО: Инстаграм

Поврзани содржини