НИКОЈ КАКО НИКОЛА НЕ УСПЕАЛ ДОСЕГА! Јокиќ испишува нова историјата во НБА
Српскиот кошаркар го заврши пелјофот со фантастични 600 поени, 269 скока и 190 асистенции.
Српскиот кошаркар Никола Јокиќ ги помести границите на НБА и оставри нешто што не успеал никој досега. Јокиќ е првиот кошаркар во историјата на НБА кој постигнал најмногу поени, скокови и асистенции во еден плејоф.
Со Денвер нагетс ја освои шампионската титула во НБА победувајќи го Мајами во финалето со 4-1, одигра историски плејоф во кој ја освои наградата за МВП во финалето на Западот, а потоа и МВП наградата во големото финале.
Но, шлаг на тортата и она што го прави Јокиќ најголем меѓу кошаркарските великани е токму неговиот неверојатен „трипл-дабл“ скор во финалната серија.
Ниту еден кошаркар во историјата немал најмногу вкупни поени, скокови и асистенции во едно издание од плеј-офот, никој друг освен Никола Јокиќ.
Јокиќ плејофот го заврши со 600 поени, 269 скока и 190 асистенции. Неверојатни информации за веројатно најдобриот кошаркар на светот.