НИКО ЧОНЕВСКИ ПОБЕДИ СО САМО 19 ГЛАСА РАЗЛИКА Крушево има нов градоначалник со пресврт во вториот круг
Со историски тесна разлика и висока излезност од 70%, Нико Чонески од ВМРО-ДПМНЕ е новиот градоначалник на Крушево, ветувајќи нови проекти и целосна промена на градот.
Крушево доби нов градоначалник, а тоа е Нико Чонески од ВМРО-ДПМНЕ кој со само 19 гласа разлика го победи досегашниот градоначалник на Крушево, Томе Христовски од СДСМ.
Христовски водеше по првиот круг, но во вториот круг се случи пресврт и Чонески со 2.662 гласа или 48,59% е избран за нов градоначалник на Крушево.
Со ова, Томе Христовски по два мандати ќе ја напушти градоначалничката функција и ќе ја предаде на Нико Чонески, кој ветува целосна промена на Крушево преку нови проекти и визија за развој на градот.