НИКНАА ХАЦИЕНДИ, А НИЕДНА СО ПУР ПЕНА Опозициската ВМРО-ДПМНЕ го наброја имотот на Шилегов, Филипче, Царовска и на Шекеринска

Петре Шилегов за еден мандат со градоначалничка плата од 1.000 евра успеа да направи луксузна хациенда во Маврово и да изврши доградба на зграда во Тафталиџе. Венко Филипче како министер со министерска плата гради куќа на ултра луксузна локација на Водно од неколку ката на големо дворно земјиште, соопшти опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

1,098

За еден мандат со нови куќи се стекнаа Шилегов, Филипче, Царовска и Шекеринска и ниту една не е со ПУР пена, реагираше денеска опозициската ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.

„Петре Шилегов за еден мандат со градоначалничка плата од 1.000 евра успеа да направи луксузна хациенда во Маврово и да изврши доградба на зграда во Тафталиџе. Венко Филипче како министер со министерска плата гради куќа на ултра луксузна локација на Водно од неколку ката на големо дворно земјиште. Од функција со луксузна куќа се поднови и Мила Царовска која изгради хациенда на Осогово. Шекеринска својот имот го зголеми со нова куќа, резиденција во центарот на Скопје. Луксузни куќи и станови во ек на мандат земаа и Костадин Костадинов и други функционери од власта. Додека народот едвај врзува крај со крај, врвот на власта трупа имот тежок милиони. Време е да ставиме крај на политичарите печалбари“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани содржини