НИКНА 20-КАТНИЦА ВО ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ Завршена карабината на првата од четирите станбени кули на „Diamond of Skopje“
Со зелена површина од околу 11.000 метри квадратни, „Diamond of Skopje“ ќе биде втор по големина зелен појас во централното градско подрачје на Скопје, веднаш по Градскиот парк.
Заврши изградбата на армирано-бетонската конструкција на првата од четирите станбени кули кои се дел од проектот „Diamond of Skopje“. Кулата има 20 ката, предвидени за станови со површина од 42 до 105 метри квадратни. Модуларниот дизајн дозволува нивно комбинирање за да се добие стан со поголема квадратура и број на соби.
„Diamond of Skopje“ ќе има вкупно 4 станбени кули со 772 станбени едници, деловен простор, трговски центар со површина од 48.000 метри квадратни, 3.200 паркинг места, подземна сообраќајница, како и хотел со пет ѕвездички „Limak Skopje Luxury Hotel“, кој веќе започна со работа.
Вкупната инвестиција во изградба на мултифункционалниот комплекс „Diamond of Skopje“ изнесува 250 милиони евра.
– Изградбата на „Diamond of Skopje“ се одвива според планираната динамика и во услови на пандемија. Во изградбата на овој модерен мултифункционален комплекс се имплементирани најдобрите градежни практики, а дополнително на тоа се почитуваат и високите стандарди при работа, што е дел од работната етика на „Лимак“. Горди сме што Скопје ќе добие модерен функционален простор, кој истовремено ќе има и многу зелена површина – истакна Куртхан Апајдин, главен извршен директор на „Лимак Скопје“.
Со зелена површина од околу 11.000 метри квадратни, „Diamond of Skopje“ ќе биде втор по големина зелен појас во централното градско подрачје на Скопје, веднаш по Градскиот парк.
Дел од проектот е и подземната сообраќајница со што овој комплекс дополнително ја потврдува својата уникатност. Изградбата на сообраќајницата се одвива во етапи, при што 500 метри од вкупната должина од 800 метри се целосно ископани, со поставени потпорни ѕидови и фундамент, а 350 метри се покриени и со горен дел. Подземната сообраќајница ќе се протега под комплексот „Diamond of Skopje“, ќе биде 800 метри долга и 37 метри широка, со по две сообраќајни ленти во двата правци и трамвајска линија во средина.