Контроверзната раперка Ники Минаж (37) го роди своето прво дете во средата наутро, објавија американските медиуми.
Ники и нејзиниот сопруг Кенет Пери за првпат стануваат родители во средата, но полот и името на детето сѐ уште се тајност.
Славната раперка во јуни објави дека е бремена, и тоа со објава на Инстраграм која содржеше неколку фотографии со труднички стомак.
Ники тогаш на фотографиите веќе имаше голем труднички стомак, руса перика, куп накит и огромни платформи на нозете.