Никаков режим не е паднат – сѐ е залудно, сѐ е кварно, сѐ е изневерено!

Арам да ви е, арам да ни е животот, со вакви прости и провидни преваранти.

3,585

Господинот на власт го изгуби секое право да збори за режим и за ослободување, откако ги амнестираше, награди, рехабилитираше сите режимски злостори, го презеде и софистицираше нивниот систем на заробена држава и го продолжува системскиот криминал, корупција, клиентелизам и брутална партизација.

Ја уби секоја надеж за промени и подобро, ја осуди оваа земја и народ да останат феудално општество на закрепостени селани, додека во исто време ја има дрскоста да глуми реформи и напредок.






Никаков режим не е паднат и никаква слобода не е освоена, освен тажното и депресивно сознание дека сѐ е залудно, сѐ  е кварно, сѐ е изневерено и дека се продолжува по стариот и вообичаен начин.

Режим – никогаш повеќе, кажува тој што режимот го хуманизираше и нормализираше.

Арам да ви е, арам да ни е животот, со вакви прости и провидни преваранти.

(ФБ статус на авторот)

Поврзани содржини