НИКАКО НЕ ЗАСТАНУВАЈТЕ АКО ВЕ ПРЕСРЕТНЕ ЦРНО „АУДИ“ СО БУГАРСКИ ТАБЛИЦИ Нова замка за туристите на автопатот Кавала-Солун

Српска туристка сподели вознемирувачко искуство од автопатот помеѓу Кавала и Солун, каде што таа и нејзиното семејство биле сопрени од непознати лица во „ауди“ со бугарски таблици. Жената предупредува дека станува збор за измамници кои со години демнат туристи долж грчките патишта, па апелира никој да не застанува за непознати возила. Коментарите на социјалните мрежи потврдуваат дека вакви случаи не се реткост и дека најбезбедно е веднаш да се информира полицијата.

2,101

Српски туристи кои летово одморале во Грција често предупредуваат на разни измами или казни кои можат да ги добијат патниците доколку не ги почитуваат сообраќајните правила а во една Фејсбук група за туристи беше споделено ново искуство кое предизвика големо внимание.

Како што напиша една жена, станува збор за обид за измама и евентуална кражба на автопатот помеѓу Кавала и Солун, во правец кон Солун, некаде после местото Ставрос.






„Нè запре човек со црно ‘ауди А4’ со бугарски таблици, старо производство, можеби од 2005–2007 година. Мавташе со рака да сопреме. Кога сопругот застана, до мојата страна – односно страната на совозачот – пријде жена од тоа возило и на англиски ми се обрати дали може нешто да ме праша. Бидејќи знам дека вакви измами се случуваат често, јас веднаш ѝ реков дека немаме пари и да си оди. Таа почна да вика и да мавта со рацете кон мене, ми рече дека сум луда и се повлече“, напиша жената.

Туристката појаснува дека станува збор за луѓе во доцни педесетти години.

„Жената имаше четири златни заби и многу златен накит. Мажот беше со густа коса, просечна градба и висок околу 175 сантиметри. Бидејќи бевме со дете, не сакавме понатаму да се впуштаме во разговор и веднаш продолживме“, додава таа.

Целта на нејзиното сведоштво, како што нагласила, е да ги предупреди сите туристи кои патуваат низ Грција, да избегнат непријатност или кражба.

Под објавата се појавија бројни коментари од луѓе кои ѝ се заблагодарија за предупредувањето. Дел од нив истакнаа дека никогаш не застануваат на пат за непознати, а други потсетија дека вакви случаи со возила со бугарски таблици се појавуваат со години наназад.

„Веќе со години има вакви ситуации со лица од Бугарија долж автопатиштата. Се преправаат дека имаат дефект, застануваат и чекаат да им пријде некој. Секогаш ги пријавуваме во полиција доколку се обидат да нè запрат“, напиша еден од членовите на групата.

Фото: Принтскрин
Поврзани содржини