Никако да им се погоди народот на овие златни институции

Не е во ред вака да немате доверба во институциите. На толку решени случаи како Ласкарци, Беса Транс, болница во Тетово, вие одма со сомневања дека нешто се крие.

1,985

После сите гом.. последниве неколку дена за дешавката во парк, од последните новинарски текстови на темата може да се заклучи:

1. Никако да им се погоди народот на овие златни институции. Сѐ некои алапачи жедни за кликови шо сакаат сѐ одма да се реши, ко да е ова нормална држава. И шо има везе тоа што баш медиумите и новинарите почнаа со бркањето кликови, па тоа им е работа, рекламите нема да дојдат сами.






2. Тоа што клубовите во парк немаат дозвола за работа е најмалку битно. Знаете вие колку луѓе вработуваат? Па шо има везе дека ако се спроведувал законот нема да се случело ова? Ќе се случело на некое друго место без дозвола за работа, така да не цепедличаме. Тие што живеат од дискотеките ги спомнавме?

3. Сосема е нормално во 21 век, кога се снима секој чекор и секоја педа, три дена да не се знае што се случило. Па филмот треба да се развие, не е тоа така…

4. Не е во ред вака да немате доверба во институциите. На толку решени случаи како Ласкарци, Беса Транс, болница во Тетово, вие одма со сомневања дека нешто се крие. Како жители на земја што цврсто стои на евроатлантскиот пат, со новинари кои слободно можам да ги наречам вистински Европјани чија единствена цел е вистината (на тој што го плаќа грантот за да работи сајтот), ова е тотално неевропски од вас!

(Фејсбук статус на авторот)

Поврзани содржини