📷 НИГЕРИСКИ ШАХИСТ ГО УРНА ГИНИСОВИОТ РЕКОРД Играше 58 часа за „соништата на милион африкански деца за образование“
Тој се надева дека ќе собере 1 милион долари за образование на децата низ Африка од обидот за светски рекорд.
Нигериски шампион во шах го собори рекордот за најдолг шаховски маратон откако играше непрекинато 58 часа, пишува Гардијан.
Тунде Онакоја (29) започна маратонска сесија на Тајмс Сквер во Њујорк во среда. До раните утрински часови, тој помина 58 часа на шаховската табла, соборувајќи го актуелниот шаховски маратонски рекорд од 56 часа, 9 минути и 37 секунди, поставен во 2018 година од Халвард Хауг Флатебо и Сјуре Феркингстад, двајцата од Норвешка.
Играта на Онакоја против Шон Мартинез, американскиот шампион во шах, е во согласност со упатствата на Гинисовиот Светски рекорд дека секој обид за соборување на рекордот мора да биде направен од двајца играчи кои непрекинато играат цело време.
-Не можам да ги опишам многуте емоции што ги чувствувам во моментов. Немам зборови за нив. Но, знам дека направивме нешто навистина извонредно. Вечерва во три часот наутро, тоа беше моментот кога бев подготвен да се откажам од се… но Нигеријците патуваа од целиот свет. И тие беа со мене преку ноќ. Пеевме заедно и тие танцуваа и не можев да се откажам поради нив – изјави тој за агенцијата Франс прес.
Тој се надева дека ќе собере 1 милион долари за образование на децата низ Африка од обидот за светски рекорд.
Онакоја, кој го основаше Chess in Slams Africa во 2018 година, рече дека обидот за рекорд е „за соништата на милиони деца низ Африка без пристап до образование“.
It is possible to do great things from a small place❤️. pic.twitter.com/WKAbWHJ1Sg
— Tunde Onakoya (@Tunde_OD) April 20, 2024
Неговата организација сака да го поддржи образованието на најмалку 1 милион деца во сиромашните квартови низ континентот.
-Мојата енергија е 100% во моментов бидејќи моите луѓе ме поддржуваат со музика – рече Онакоја во четвртокот вечерта откако играчите ја преминаа границата од 24 часа.
Гинисовата книга на рекорди допрва треба јавно да го објави успехот на Онакоја. Понекогаш се потребни недели за организацијата да потврди нов рекорд.
WE HAVE DONE IT. #LongestChessMarathon #58Hours #RecordBroken #NewRecordSet pic.twitter.com/SjDhOqNpae
— Tunde Onakoya (@Tunde_OD) April 20, 2024