НИГЕРИСКАТА АРМИЈА ПО ГРЕШКА УБИ 120 ЦИВИЛИ Дроновите требало да нападнат бунтовници, но завршиле на верска прослава

Локалните жители често пати се убивани во воздушните напади на безбедносните сили врз засолништата на вооружените групи кои опустошија делови од северозападна и централна Нигерија.

244

Во напад на нигериската армија со беспилотни летала место бунтовници по грешка биле убиени цивили, признаа денеска властите во оваа западноафриканска земја.

Смртта на неутврден број муслимани на верска прослава од пред два дена е најнова во низата воени грешки во жариштата на насилството во Нигерија.






Локалните жители велат дека 50 лица загинале поради грешка на армијата, а канцеларијата на Амнести интернешнал за Нигерија соопшти дека во нападот загинале дури 120 лица, меѓу кои и многу деца.

Локалните жители често пати се убивани во воздушните напади на безбедносните сили врз засолништата на вооружените групи кои опустошија делови од северозападна и централна Нигерија.

Најновиот трагично погрешен напад предизвика гнев во јавноста и потсети на широко распространетите обвинувања за кршење на човековите права од страна на САД и другите западни сојузници на безбедносните сили на Нигерија.

Поврзани содржини